Ксидакис и Михаел Рот разговарале и за Македонија
Проблемот што Грција го има со уставното име на Македонија била една од темите на вчерашната средба во Берлин меѓу грчкиот-заменик министер за надворешни работи Никос Ксидакис кој е задолжен за европски прашања и Михаел Рот државен секретар во германското МНР задолжен за Европа.
Грчкото МНР соопшти дека Ксидакис, „во врска со прашањето за Македонија, истакнал дека Грција ја поддржува соседната земја во текот на годините, дури и на економски план, и оти грчката Влада сака заеднички договорено решение за името“.
- Ксидакис изрази увереност дека дијалогот, која почна меѓу грчкиот министер за надворешни работи Коѕиас и неговиот колега од БЈРМ се движи во позитивна насока, се вели во соопштението на грчкото МНР.
Ксидакис пред помалку од еден месец во Брисел исто така разговараше за европската перспектива на Македонија, на средбата со еврокомесарот за европска соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан.
Ново на Сител
-
Курти: Од четврток е можно заменување на српските со косовски регистерски таблички
-
Инфлацијата во април зголемена за 0,7 проценти во однос на март
-
Путин положи заклетва за новиот, петти по ред, претседателски мандат
-
Април годинава потопол од просечните многугодишни вредности
-
Вембањама прогласен за дебитант на годината во НБА
-
Вечерва ќе се одржи првото полуфинале на Евровизија
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред, жичницата нема да работи
-
Приведени малолетници, со закана со нож одзеле пари од други малолетници