Македонија
14. January 2016 - 12:11

Ксидакис и Михаел Рот разговарале и за Македонија

Проблемот што Грција го има со уставното име на Македонија била една од темите на вчерашната средба во Берлин меѓу грчкиот-заменик министер за надворешни работи Никос Ксидакис кој е задолжен за европски прашања и Михаел Рот државен секретар во германското МНР задолжен за Европа.

Грчкото МНР соопшти дека Ксидакис, „во врска со прашањето за Македонија, истакнал дека Грција ја поддржува соседната земја во текот на годините, дури и на економски план, и оти  грчката Влада сака заеднички договорено решение за името“.

- Ксидакис изрази увереност дека дијалогот, која почна меѓу грчкиот министер за надворешни работи Коѕиас и неговиот колега од БЈРМ се движи во позитивна насока, се вели во соопштението на грчкото МНР.

Ксидакис пред помалку од еден месец во Брисел исто така разговараше за европската перспектива на Македонија, на средбата со еврокомесарот за европска соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан.