-->
-->
Крводарувањето продолжува, состојбата со крвни продукти е на задоволително ниво
-->
ЈЗУ Институт за трансфузиона медицина во насока на надминување на оваа состојба поврзана со коронавирусот, одлучи секојдневно да ги известува електронските медиуми
за состојбата со крвни продукти. Денес состојбата со крвни продукти е на задоволително ниво и се следи секојдневно.
ЈЗУ Институт за трансфузиона медицина заедно со Црвен Крст на РСМ се реорганизираа во однос на крводарувањето во земјата, со цел да се запазат највисоките мерки за
заштита на карводарителите и здравствениот персонал , а притоа да се обезбеди континуиран прилив на крвни единици за одржување стабилни количини на крв.
ЈЗУ Институт за трансфузиона медицина е во постојана комуникација со Министерството за здравство за состојбата со крвни продукти, а исто така и е во секојдневна комуникација
со Институтот за јавно здравје за спроведување на крводарителските акции. Почитувани дарители на крв
Доброволното дарување на крв продолжува да се спроведува, бидејќи крвта и крвните продукти се постојана потреба за пациентите.
Крводарувањето е континуирано и безбедно, но мора да се земе во предвид дека се очекува намален број на крводарители, поради влијанието на јавно здравствените мерки
кои се преземаат во врска со пандемијата. Сите кои се здрави, можат и сакаат да даруваат крв не треба на било кој начин да го одложат крводарувањето бидејќи воведовме и
дополнителни мерки за безбедност на дарителите и безбедна крв за пациентите.
ДАРИТЕЛИ НА КРВ, ВЕ МОЛИМЕ ДА НЕ ДАРУВАТЕ КРВ ДОКОЛКУ:
-во последните 28 дена сте патувале надвор од РС Македонија -имате симптоми на настинка, кашлате и кивате
-имате покачена телесна температура
-сте биле во контакт со болен чии симптоми личат на инфекција со корона вирус
Според Европскиот Центар за Контрола на Болести (ECDC) се воведуваат следниве мерки
за дарување на крв :
- 28 дена после враќањето од подрачја со инфекција со COVID-19 или контакт со потврден
случај се одложува дарување на крв, клетки и ткива
-мерење на телесна температура на сите доброволни дарители на крв
-обезбедување на точки за дезинфекција на рацете на вработените и дарителите
-ограничување на бројот на дарители истовремено присутни во просториите и
обезбедување на контролирано движење во целиот процес на крводарување
Почитувани крводарители, Ве молиме во случај на појава на симптоми на респираторна болест до 14 дена после дарувањето на крв, ЗАДОЛЖИТЕЛНО да се јавите на
телефонскиот број 078-488-078. Општите мерки за спречување на ширење на инфекцијата вклучуваат:
-правилно покривање на устата и носот при кивање и кашлање
-избегнување на допирање на очи, нос и уста
-редовно миење на раце и останати хигиенски навики
-останете дома
-избегнување близок контакт со болни
-строго придржување кон мерките за растојание помеѓу лица (најмалку 1 до 2 метри)
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Собранието ја констатираше оставката на Илире Даути
-
Спасовски: Единствениот одговорен во Собранието е Африм Гаши
-
Деветгодишно дете почина на Детската клиника во Скопје
-
Дизелот поскапува за две денара, цената на бензините не се менува
-
ДУИ бара пратениците да добиваат безбедносен сертификат без проверки, власта ги одби
-
Хамас тврди дека над 70 Палестинци се убиени по постигнувањето на договор за прекин на огнот во Појасот Газа
-
ВМРО-ДПМНЕ: Елитата на СДС живее на висока нога и во маркет нема влезено
-
СДСМ: Новогодишната кошничка се покажа целосно промашена