Крводарителска акција во СВР Куманово

Во просториите на СВР Куманово се одржа редовна крводарителска акција која ја организира кумановската полиција, отсекот за превенција од СВР Куманово, Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и општинската организација на Црвениот Крст Куманово.
Од почетокот на акцијата од 9 часот беа дарувани 50-тина крвни единици, но според очекувањата на надлежните од отсекот за превенција, до крајот на акцијата која завршува во 15 часот се очекува бројот на крводарувања да достигне 70.
- И оваа крводарителска акција имаме неколкумина што прв пат даруваат и секако тука се оние кои се повеќекратни редовни крводарители, така што без сомнение оваа ќе биде успешна акција, изјави дoктор Ефтим Димитровски од Институтот за трансфузиона медицина Скопје.
Оваа е втора крводарителска акција која се одржува во тековната година на која учествуваат припадниците на секторот за внатрешни работи Куманово.
СВР Куманово традиционално организира три крводарителски акции во една година, во февруари, јуни и октомври. Крводарителските акции се реализираат согласно потпишаниот Меморандум за соработка меѓу МВР и Институтот за трансфузиона медицина Скопје.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ местеле тендери
-

Боледувањата ја осиромашиле германската економија за 200 милијарди евра
-

Попладнево повторно блокади на граничните премини Евзони и Ники кон нашата земја
-

Подари моменти на радост, подари „Среќа плус“
-

Анита Тополова Исајловска избрана за в.д државен јавен обвинител
-

Чекања и до три часа на европските аеродроми поради новиот систем за влез и излез од ЕУ
-

Лишен од слобода скопјанец, пронајден кокаин
-

Трамп менува 30 амбасадори - меѓу нив и Агелер
