Македонија
3. October 2016 - 14:09

Крводарителска акција во Кичево

По повод 11-годишнината од формирањето на Регионалниот центар за управување со кризи од Кичево денеска во овој град се одржува крводарителска акција. 

- Скоро сите вработени на центарот даруваа крв и како и другите години очекуваме одѕивот во попладневните часови да биде поголем, изјави директорката на Центарот, Сузана Тасевска.

Крводарителската акција се организира во координација со општинскиот Црвен крст од Кичево.