-->
-->
Крводарителска акција во чест на загинатиот полицаец Волкановски
-->

По повод 16 годишнината од трагичното загинување на полицаецот Коста Волкановски, денеска во Неготино беше реализирана крводарителска акција во негова чест. Беа дарувани 81 единица крв.
Традиционално, настанот беше реализиран од Општинската организација на Црвен крст Неготино и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, во соработка со полициската станица од Неготино.
- Ова е една од поголемите акции кои ги организира Општинската организација на Црвен крст, која секоја година ги остварува плановите за крводарување, рече меѓу другото Тошко Настов, секретар на неготинскиот Црвен крст.
Основната синдикална организација при македонскиот полициски синдикат, во наредните денови организира и неколку други активности во чест на својот загинат колега, кој загина за време на конфликтот во 2001 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Врските на Заев и Филипче со политиките на Путин
-

СДСМ: Toшковски да поднесе оставка
-

250 анкетни листови од кочанчани против бетонизација кај „Панаѓурот“
-

Струмица започна долгорочен проект за озеленување на околината на градот
-

Поскапуваат градинките во Охрид
-

Преглед на вестите од светот
-

Експерти: Посетата на Руте, потврда за улогата на Македонија во НАТО
-

Тема на денот со Милан Стефаноски, воено-безбедносен аналитичар
