Балкан
24. May 2016 - 14:31

Крвави ги оставиле со главата во ВЦ школка - соседите затекнале ужас

Хорор за татко и ќерка од Зајечар. Непознати лица брутално претепале постар пар, и нивната ќерка Душанка А. Нивните крвави тела ги пронашле соседите кои веднаш повикале Брза помош и полиција.

Хоророт се случил во неделата попладне, а соседите ги виделе и повикале помош дури вечерта.

Според податоците на српскиот Курир, старецот и неговата ќерка биле во многу тешка состојба. По снимањето е констатирано дека имаат скршен череп, вилица и внатрешно крварење. Тие итно се префрлени во Клничкиот Центар во Ниш.

Жената била врзана и фрлена во ѓубре, додека таткото бил врзан за ВЦ школката, со главата во неа.

Глетката била страшна, полицијата трага по насилниците.