Македонија
15. August 2018 - 14:35

Крвава тепачка во Куманово

СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.Д. (39) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.

На 7.овој месец околу 23.30 часот во населба Ајдучка Чешма во Куманово, по претходна вербална расправија, пријавениот физички го нападнал С.С.(38) од Куманово и му нанел тешки телесни повреди.