Крвава тепачка во кочанско Оризари, двајца старци крвнички се бореа

Вчера околу 09,30 часот во Кочани во нас.Оризари, во близина на игралиштето кај м.в.„Селиште“, бил нарушен јавен реди и мир со предизвикување и учество во тепачка помеѓу Т.С.(61) и Ј.В.(71), двајцата од нас.Оризари.
Тие по кратка расправија, започнале физичка пресметка во која најпрвин Ј.В со остар предмет замавнал кон Т.С. и му нанел посекотина во пределот на стомакот по што Т.С почнал да го удира со тупаници во пределот на главата и телото, а потоа продолжиле меѓусебно да се удираат со раце и нозе во пределот на главите и телата, нанесувајќи си видливи повреди.
Т.С. се здобил со расекотина во пределот на стомакот и скршеница на десната дланка, додека Ј.В се здобил со контузии на главата и градниот кош и оток на десното око.
По целосно расчистување на случајот, против учесниците ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-

Саботна средба за Изборниот Законик
-

Тема на денот со Игор Ивановски, професор
-

Златни денови Кратово 2026
-

Два случаи на Западнонилска треска потврдени на инфективната клиника
-

Саботна средба за Изборниот законик
-

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство по две години на власт
-

Кој ќе биде нов секретар за државно владеење
-

Нов случај на врсничко насилство, прободено 12 годишно момче
