Македонија
20. February 2024 - 16:57

Крвава пресметка по веселба во тетовско

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Р.(68) од с.Горно Седларце, А.Р.(32), С.Р.(38), Р.Р.(49), сите од с.Радиовце, тетовско, Л.М.(38) и И.М.(24) двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

- На 04.08.2023, по претходна расправија во угостителски објект во с.Волковија, општина Брвеница помеѓу првопријавениот и Ф.М., која била ангажирана на семејна веселба, И.М. заедно со Ф.М., која е негова вереница, се упатиле во с.Радиовце, каде биле пресретнати од останатите пријавени. Притоа, настанала физичка пресметка помеѓу пријавените, во која А.Р. со нож нанел повреди на Л.М. и Ф.М, а третопријавениот репетирал пиштол кон И.М. и Л.М.., соопшти МВР.