Свет
26. јуни 2018 - 18:07

Крвав пир во јапонски град: Со нож убил полицаец во станица, па со пиштолот тргнал кон училиштето и продолжил да убива

Во полициска станица на северот од Јапонија засега неидентификуван маж со нож усмртил полицаец, го зел неговиот пиштол, а потоа со него убил припадник на обезбедување пред блиското основно училиште.

Полицијата во префектурата Тојама соопшти дека осомничениот, кој е фатен после нападот, ранил друг полицаец.

Мотивот на нападот засега е непознат. Наставниците го заклучиле главниот влез од училиштето по нападот и сите деца ги внеле во училниците.

Во Јапонија е ниска стапката на криминал, но во последно време се случи серија, по се судејќи, на инцидентни напади со нож.

Kurir.rs/Tanjug