Крв на улиците во Истанбул: Нов бомбашки напад - Мета автобусот на турската полиција
Две лица загинаа, а осуммина се повредени во бомбашки напад што денеска е извршен врз автобус на турските сили за брза реакција во централниот дел на Истанбул, јави телевизијата Си-Ен-Ен Турк.
Eксплозијата се случила во близина на автобуска станица во момент на минување на .
Превозното средство веројатно било цел на терористички напад, информира турската телевизиja.
Инцидентот се случил во време на утриснкиот сообраќаен шпиц во истанбулскиот реон Везниџилер, во европскиот дел од градот. Во близина се наоѓаат Истанбулскиот универзитет и историскиот кварт. На местото на нападот пристигнале неколку возила на брза помош.
Си-Ен-Ен Турк информира дека паркиран автомобил, наполнет со експлозиви, од дистанца со далечински управувач бил кренат во воздух при минувањето на полицискиот автобус.
Засега никој не ја презел одговорноста за нападот, посочуваат британските медиуми.
Курдските бунтовници, Исламскатa држава и радикалните левичарски групи во последните неколку месеци имаат извршено повеќе напади во Турција.
Ново на Сител
-
Приведен криминалец баран со потерница
-
Подигнати 42 кубни метри отпад од диви депонии во Аеродром, Чаир, Кисела Вода и Карпош
-
Почина неврохирургот проф.д-р Владимир Мирчевски
-
Герасимовски: Бесплатна градинка за деца Роми од ранливи семејства
-
Со камион удрил во заштитната ограда, скопјанец загина на автопатот Демир Капија - Гевгелија
-
Од 15 ноември задолжително поседување зимска опрема
-
Околу 350 деца Роми ќе бидат згрижени бесплатно во јавните градинки во 21 општина
-
Приведен вработен во ЈП Национални шуми - Добивал по 200 евра месечно за дозволи за сеча на дрва