Крв на скопските улици: 35 лица завршија во болница
Триесет и пет лица се полесно повредени во 16 од вкупни 39 регистрирани сообраќајни несреќи во изминатите три дена на подрачјето на Скопје. Деветнаесет сообраќајки се материјална штета.
Сообраќајната полиција во петокот извршила увид на 20 сообраќајни незгоди. Во 10 од нив со полесни повреди се здобиле 25 лица, а девет несреќи се со последица материјална штета.
Како што информира самостојниот инспектор Драган Вељановски, во саботата е извршен увид на 11 сообраќајни незгоди. Од нив во четири незгоди со полесни повреди се здобиле девет лица. Четири незгоди се со материјална штета.
Вчера, пак, е извршен увид на осум сообраќајни незгоди, од кои во две незгоди со полесни повреди се здобиле осум лица, а шест се со последица материјална штета.
Во текот на изминатите три дена сообраќајната полиција, санкционирала осум возачи кои возеле под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, девет поминале на црвено светло на семафор и 17 возачи кои за време на управување на возилото не користеле сигурносен појас или го користеле мобилниот телефон.
Санкционирани се и 14 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано.
Со помош на специјалното возило „Пајак“, во текот на овие три дена отстранети се 143 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како на пешачкиот така и моторниот сообраќај.
Ново на Сител
-
Нова истрага за криминал во РЕК Битола
-
Љупчо Палевски преку Минск планирал да избега во Русија
-
Пандов - Затворски полицајци со валкани значки ќе бидат зад решетки
-
Следната недела ќе се носат мерки за намалување на цените
-
Традиционално закројување на лозје во винаријата Монтеко – Кратово
-
Валентајн: Празник на љубовта или потсетник на осаменоста?
-
СДСМ не дава поддршка за промена на државниот грб
-
Таравари: Етничките прашања можат да се решат во пакет со химната и државниот грб