-->
-->
Крв и смрт на македонските патишта, во еден ден три страотни сообраќајки
-->
Вчера а околу 09,40 во Битола на ул.„Македонска фаланга“, Г.Л. (49) од с.Крани–ресенско управувајќи ПМВ „Волксваген Пасат“ со охридски регистерски ознаки излетал од коловозот и удрил во дрво, по што возилото се превртело. На самото место починала сопатничката-неговата сопруга Е.Л. (44), а Г.Л. со возило на итна медицинска помош бил пренесен во МЦ- Битола, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР– Битола, а по наредба на ЈО, телото на починатата е предадено на обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот.
Вчера околу 11,05 часот во Дебар на бул.„Илирија“ во непосредна близина на кружниот тек, случена е сообраќајна незгода во која Н.М. (64) од Дебар управувајќи патничко моторно возило „Фолксваген-Голф“ со охридски регистерски ознаки удрил во пешакот А.М. (68) од Дебар и истата се здобила со повреди во пределот на главата и телото. А.М. била пренесена во костозглобната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, каде и биле констатирани тешки телесни повреди и поради сериозноста на повредите била префрлена во КЦ- Скопје и се наоѓа во животна опасност. Увид на место на настанот извршила увидна екипа од СВР-Охрид. Се работи на целосно расчистување на случајот.
Вчера околу 19,05 часот на магистралниот пат Охрид–Кичево случена е сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило„Мерцедес“ со гостиварски регистерски ознаки управувано од Д.Ш. (44) од с.Г.Бањица–гостиварско, патничко возило „Југо Корал“ со охридски регистерски ознаки управувано од А. Ј. (46) од Охрид и „Ауди“ со охридски регистерски ознаки управувано од Г.Т. (49) од с.Елшани – охридско. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил А.Ј. а со телесни повреди Д.Ш. и Г.Т. како и сопатникот во „Ауди“ Н.Т. (20) од с.Елшани–охридско. Повредените со возило на итна медицинска помош биле пренесени во болницата Св.Еразмо и по укажаната лекарска помош биле задржани на понатамошно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа увидна од ПС за БПС-Охрид. Се работи на целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Дурмиши: Утре или најдоцна задутре треба да се достави Предлог-одлуката за ограничување на маржите до Владата
-
Русија е подготвен да произведува авиони од петта генерација Су-57 во Индија
-
Зеленски подготвен за размена на територии со Москва: Украински области заземени од Русија во замена за Курск
-
Коцевски: Моето постапување во случајот со Вишото јавно обвинителство е согласно закон
-
Данската разузнавачка служба предупредува дека Русија може брзо да се подготви за војна во Европа
-
Обновата на Газа ќе чини повеќе од 53 милијарди долари
-
Запленети 4,5 кг кокаин - приведени две лица
-
Паника во Измир, морето се повлече повеќе од 200 метри