Крушево ќе биде промовирано како дестинација за четири сезони
- Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија (АППТ) ќе го промовира Крушево како дестинација за четири сезони.
Директорот на АППТ Љупчо Јаневски и градоначалникот на Крушево Томе Христоски на денешниот работен состанок дискутираа за одржливите форми на туризам и развојот на градот во авантуристичка дестинација.
Според Агенцијата, параглајдеризмот, историјата, културата, уникатната архитектура, гастрономските специјалитети, старите занаети и гостопримливоста на локалното насаеление, се само некои од предностите на градот.
Во Крушево годинава се најавени седум купови во параглајдеризам, додека во 2019 година се очекува одржување Светско првенство во овој адреналински и екстремен спорт.
- Параглајдерство е атрактивен натпреварувачки и рекреативен спорт и воздухопловна гранка, која го привлекува вниманието на туристите. Во контекст на ова, бројот на туристи и остварени ноќевања во Крушево е во постојан пораст, информира АППТ.
Агенцијата го промовираше Крушево на интернационалните саеми за туризам во Софија, Белград и Берлин, додека во наредниот период ќе се промовира во Загреб и Тирана. Изработен е и промотивен материјал со сите знаменитости на Крушево, неговата историја, култура и архитектура, како и можностите за зимски туризам.
Ново на Сител
-

Андоновски: До февруари ќе ги завршиме домашните задачи за „роаминг како дома“ во ЕУ
-

Чаби Алонсо доби отказ во Реал Мадрид
-

ЦУК: Состојбата со последните врнежи се следи и е стабилна
-

Распишана меѓународна потерница по 18-годишникот кој смртно прегази жена кај ТЦ „Беверли Хилс“
-

Манчестер Јунајтед добива менаџер до крајот на сезоната
-

58-годишник ја убил својата мајка во Богданци
-

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од повторените избори за градоначалник во четири општини, тече рокот за жалби
-

Ристески: Се стабилизира пазарот на јајца, цените намалени
