Крстот во Гостивар го фати Бобан Симјаноски

Светиот крст што во водите на Вардар во Гостивар, годинава беше положен на пладне, на христијански празник Богојавление Водици, го фати Бобан Симјаноски. Овој триесетидевет годишен професионален војник во АРМ беше најсреќен меѓу четириесетината гостиварци кои влегоа во реката. Првите честитки и осветена икона како подарок доби од митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф. Симјаноски им се заблагодари на сите сограѓани, честитајќи им го празникот.
Прославата на празникот започна утрово со света литургија во соборниот храм „Успение на Пресвета Богородица“ на градскиот плоштад. По богослужбата, литијата со верници тргна од црквата „Успение на Пресвета Богородица“ и преку централното градско подрачје до малиот мост на кејот на Вардар. Свештениците од гостиварското архијерејското намесништво го извршија чинот на осветување на водите и го положија светиот крст во реката.
Празнувањето на Водици продолжи на брегот на Вардар каде годинешните кумови ги послужија верниците со храна и топли пијалаци кои дојдоа на годинешната, дванаесетта по ред манифестација од нејзиното обновување.
МИА
Ново на Сител
-

Виткоф: Постигнат е голем напредок во мировните преговори меѓу Русија и Украина
-

МАИР: Преработеното месо е канцерогено, а црвеното месо е можно канцерогено
-

Пожар на хала во Кавадарци, пожарникарите на терен
-

Состојбата со снегот се стабилизира, се расчистуваат патиштата што водат кон селата, екипи на ЕВН се на терен во селото Илино
-

Орбан: Одам во Давос на покана на Трамп, ќе го потпишеме основачкиот документ за Одборот за мир
-

Шефот на НАТО вели дека „има уште многу работа“ околу Гренланд
-

На Попова Шапка утрово најстудено -4 и снежна покривка од 33 сантиметри
-

Сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај, поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење
