Македонија
22. January 2026 - 10:09

Пожар на хала во Кавадарци, пожарникарите на терен

Пожар избувна утринава на хала во Кавадарци. На терен се пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Кавадарци, која дејствува на подрачјето на кавадаречката и росоманската општина. 

Од Противпожарната служба за МИА изјавија дека во моментов се интервенира на лице место и дека засега не можат да дадат повеќе детали за пожарот.

 

МИА