-->
-->
Крсте Велкоски по стапките на Савов и „Чунга Лунга“?!
-->
Македонскиот репрезентативец Крсте Велкоски, според пишувањата на медиумите во БиХ, ќе го напушти фудбалскиот клуб Сараево. Порталот, sportsport.ba, пишува дека Велкоски, кој со Сараево се наоѓа на подготвки во Анталија, нема да се врати во главниот град на БиХ, туку ќе продолжи во Јужна Кореjа каде своевремено играа Жанко Савов и Горан Петрески-Чунга Лунга.
Раководството на ФК Сараево потврдува дека постои можност Велкоски да го напушти клубот, без да изнесат повеќе детали, бидејќи напаѓачот и пред еден месец бил пред заминување, но на крајот трансферот не бил реализиран.
Крсте Велкоски во Сараево пристигна пред две години, минатата сезона со 11 голови бил најдобар стрелец во тимот, додека оваа сезона има постигнато шест голови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сочувство и понуда за помош за несреќата во Кочани од страна на НАТО
-
Десетици илјади на протест во Белград - 15ти за 15те
-
Мицкоски: Ги следиме случувањата во Србија
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-
Диви депонии
-
Десетици илјади на протест во Белград - 15ти за 15те
-
Спасувачка акција на Мавровскo езеро
-
Почина мотоциклист по тешката сообраќајка во Влае - моторот преполовен на два дела