Крмов: Со предлог-Законот за попис се подготвува терен за фалсификат
Пратеникот од Левица Борислав Крмов на својот профил реагираше дека владата предводена од СДСМ со предлог-Законот за попис се подготвува терен за фалсификат. Тој ја повика власта да го повлече предлогот и истиот да се преработи по Еуростат стандарди.
„Ни спремаат попис каде немаме дефинирано „вкупно население и вкупно „ПОПИШАНО население! Без ниедна јасна дефиниција за тоа кои „единици ќе се попишуваат само се наброени. Не е јасно наведено кои „ПОДАТОЦИ ќе се прибираат. Прашалникот го нема .Зборот „ДИЈАСПОРА го нема. Нема скоро никаков критериум, ќе се попишува се’!
И тие кои се тука, и тие кои не се, и тие со државјанство и тие без државјанство. Директорот на ДЗС има врзан потпис со заменикот од ДУИ. Уште еднаш ја повикуваме Владата да го повлече овој закон на сериозна доработка по стандардите на ООН и Еуростат. Во спротивно народот ќе биде приморан да се мобилизира за да спречи ФАЛСИФИКАТ. Ширете, ова НЕ СМЕЕ ДА ПОМИНЕ.“, напиша Крмов на Фејсбук.
Ново на Сител
-
При претрес во Струмица пронајдени дијаманти
-
Над 300 проекти пријавиле општините на повикот на Владата
-
Се урна уште еден дел од мостот во Дрезден
-
За заемот од Унгарија ќе се гласа најверојатно во вторник
-
Гужви на „Табановце“: За излез се чека околу 40 минути
-
М-НАВ: Отворена истрага за настанот на небото над Скопје
-
ЦУК: Дождот ќе ги зголеми водостоите на реките, но не постои опасност од поплави
-
Уставниот суд бара информации од надлежните дали се спроведува одлуката за јавен превоз за сите средношколци