Крмов: Левица деновиве ќе поднесе нова референдумска иницијатива
Левица деновиве ќе поднесе нова референдумска иницијатива, при што дефинитивно прашањето ќе биде со одговорот Против. Сметаме дека претходното прашање беше грешка, затоа што кампања Против ќе биде во духот на протестите против францускиот предлог, каде огромното мнозинство македонски народ кажа НЕ.
Нема никаква правна логика за одбивање и на претходната, и на оваа референдуска иницијатива од страна на спикерот Џафери, затоа што тој не смее како спикер да влегува во материјално толкување.
Одбивањето на иницијативата од страна на Џафери не е никакво правно толкување, туку тоа е чиста политичка узурпација и Џафери, наместо да се однесува како Претседател на Собранието на сите граѓани – тој се однесува како узурпатор и ОКУПАТОР.
Не може да станува збор за неуставност за Договор што може да се укине од Влада со обичен писмен допис, а тоа го предвидува член 13 од Договорот за добрососедство на Бугарија.
Ако Џафери се обиде да ја одбие и оваа иницијатива, Левица ќе премине на тотална блокада на Собранието. Имаме договор со ВМРО-ДПМНЕ и заедно ќе доведеме до целосна парализа на Законодавниот дом. Тоа значи блокирање на сите Комисии и на сите пленарни седници, односно ќе се преземат сите опции додека не застане Законодавниот дом и ова самоволие не се прекине.
Власта мора да знае дека ако не му дозволи на народот политички да изрази незадоволство, тогаш во комбинација со енормно високите цени, тоа може да доведе до општествена експлозија, а зимата доаѓа.
Борислав Крмов, политичка партија Левица
Ново на Сител
-
Маж избодел две девојчиња и двајца мажи, случајни минувачи во Урошевац
-
Кина: Возач намерно удри со автомобилот во толпа, загинаа 35 лица
-
Приведен криминалец баран со потерница
-
Подигнати 42 кубни метри отпад од диви депонии во Аеродром, Чаир, Кисела Вода и Карпош
-
Почина неврохирургот проф.д-р Владимир Мирчевски
-
Герасимовски: Бесплатна градинка за деца Роми од ранливи семејства
-
Со камион удрил во заштитната ограда, скопјанец загина на автопатот Демир Капија - Гевгелија
-
Од 15 ноември задолжително поседување зимска опрема