Кризен состанок кај Меркел по изборите во Тирингија

Лидерите на германската владејачка коалиција одржуваат кризен состанок кај канцеларката Ангела Меркел, со единствена тема – иднината на коалицијата по политичкиот земјотрес на изборите во покраината Тирингија, кога по првпат е избран премиер со помош на крајната десница Алтернатива за Германија (АфД).
Социјалдемократите бараат одговор и одговорност од Демохристијански сојуз на Германија (ЦДУ) и го критикуваат раководството на Анегрет Крамп-Каренбауер, наследничката на Меркел на челко на ЦДУ.
Изборот на Томас Кемерих за премиер на Тирингија со помош на гласовите од АфД предизвика бран разочарување, по што, само 24 часа подоцна, тој поднесе оставка.
Владиниот комесар за источните германски покраини Кристијан Хирте, исто така, денеска најави оставка откако изминатите два-три дена се најде под жесток притисок од канцеларката Ангела Меркел.
„Канцеларката Меркел ми кажа дека веќе не можам да бидам комесар на федералната влада за новите држави. По нејзиниот предлог побарав мое разрешување”, напиша Хирте на Твитер, пренесе ДПА.
Улогата на комесарот е да помага во процесот на интеграција на петте источни држави, вклучувајќи ја и Тирингија, дел од Источна Германија пред повторното обединување на земјата во 1990 година.
Хирте, исто така, е заменик шеф на демохристијаните на Меркел (ЦДУ) во оваа држава.
Ново на Сител
-

Тема на денот со др. Ана Пепељугоска Стојкоска, адвокатка
-

Напад со огнено оружје на настан со Трамп, напаѓачот е уапсен
-

Граѓаните прашуваа, пратениците одговараа - кој го кочи патот кон ЕУ?
-

ЗНАМ нема став за двојните државјанства на пратениците
-

ВМРО-ДПМНЕ предлага измени на Законот за концесии и јавно приватно партнерство
-

Македонија ја тресе серија на сексуална патологија - како да се заштитат децата од предатори и уцени?
-

Пчеларите под притисок: Помалку мед, повеќе фалсификати
-

Нови инвестиции за унапредување на туристичките локалитети во Ново Село
