Кривопаланечката градинка ќе се реконструира со финансиска поддршка од Норвешка
Со финансиска поддршка од Kралството Норвешка во износ од околу 90.000 долари комплетно ќе се реконструира еден кат од детската градинка „Детелинка“ во Крива Паланка.
Градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, денеска го потпиша договорот за грант за проектот за реконструкција на градинката што се финансира преку проектот „Нордиска поддршка за напредок на Северна Македонија“ што го имплементира Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (УНОПС).
Средствата од оваа донација ќе бидат наменети за комплетно реновирање на вториот кат од детската градинка што ќе опфати замена на столарија, реновирање на тоалетите и поставување енергетско ефикасна термо-изолациска фасада.
– Овој грант ќе придонесе за заокружување на комплетното санирање на зградата на детската градинка „Детелинка“, проширување на нејзините капацитети, како и за подигнување на стандардите и условите за сместување, згрижување и воспитување на децата од предучилишна возраст, изјави градоначалникот Мицевски.
Ново на Сител
-
Трамп положи заклетва за претседател на САД
-
Двајца велешани физички нападнале жител на Чашка и го оштетиле возилото во кое се превезувал
-
МВР: Фатен бегалец од КПУ Затвор Идризово
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и затајување против началник во МВР
-
Кривична пријава против битолчанец за кражба на дрва
-
Си префрлила 396.234 денари од компјутерот на слот машини за да се коцка, кривична за 28-годишна Кочанка
-
Кривична пријава против двајца Турци за фалсификување исправа
-
Нови два случаи на Ковид-19, во 2025 вкупно 13 заболени