Кривичниот суд ги повикува повисоките судски инстанци и независните информатичари да го проверат АКМИС-от
Кривичниот суд ги повикува Судскиот совет на Република Македонија, сите повисоки судски инстанци, како и независни информатичари со одобрение на Судскиот совет да извршат вонредни контроли на работата на АКМИС – системот и за сите евентуално утврдени нерегуларности да го известат Јавното обвинителство кое може да поведе соодветна постапка.
-Во однос на неоснованите написи на одредени портали поврзани со работата на АКМИС – системот, Основниот суд Скопје 1 го повикува Судскиот совет, и сите повисоки судски инстанци како и независни информатичари со одобрение на Судскиот совет, да извршат вонредни контроли на работата на АКМИС – системот и за сите евентуално утврдени нерегуларности да го известат Јавното обвинителство кое може да поведе соодветна постапка, се наведув аво соопштението од Кривичниот суд.
Согласно заложбите за трансапретно работење, како што велат од Судот, ги охрабруваат сите професионални новинари и невладини организации, за сите нејаснотии и шпекулации околу евентуални недоследности во работењето, да побараат став од судот или од повисоките судски инстанци кои ја регулираат работата на Судот.
Ново на Сител
-
Министерката за образование и наука го честита Меѓународниот ден на студентите
-
Гостиварец физички ја нападнал сопругата, следува соодветен поднесок
-
Герасимовски: Повторен вандализам во Капиштец, обиен багер
-
Израел ги обнови нападите врз Бејрут, погодени станбени области
-
Опожарено возило во Штип
-
Снимка од дворот на Раде Штекли, ова е моментот кога експлодирала бомбата | ВИДЕО
-
УЕФА отвори дисциплинска постапка против репрезентациите на Романија и Косово
-
Владата и банкарите на средба ќе ги прецизираат условите под кои бизнис секторот ќе може да ги користи парите од унгарскиот заем