Кривични пријави за неовластено производство на 58 стебла марихуана
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Радовиш, до ОЈО-Струмица, поднесе кривична пријава, против К.М (53) и Н.Т (45), двајцата од Радовиш, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, казниво по член 215 став 1 и 3 од Кривичниот законик на Република Македонија.
Како што соопшти МВР, надоворешната канцеларија за криминалистички работи Радовиш, постапувајки по добиени оперативни сознанија, во местото викано „Телешорски извори“, атар на село Смиланци, општина Радовиш, откри насад од околу 58 стебла од растението „Cannabis sativa“ (марихуана).
Растенијата биле засадени на парцела сопственост на покојно лице од с.Подареш, на површина од околу 50 метри квадратни, а стеблата биле во фаза на формирање на вршунки, во добра вегетативна кондиција, на висина од 120 до 300 сантиметри. Пријавените континуирано ги одгледувале заради производство на опојна дрога марихуана.
Преземени се мерки за пронаоѓање на пријавените и на 2 септември околу 17.35 часот, првопријавениот е затекнат внатре во насадот како врши берба од стеблата Cannabis и ги става во вреќа. Од страна на полициски службеници тој е лишен од слобода, а пронајдените предмети со потврда за привремено одземени предмети биле одземени.
Пронајдените 58 стебла „Cannabis sativa“ (марихуана) биле откорнати и врз основа на претходно издадена Наредба, биле дадени на вештачење. Додека, по целосно расчистување и документирање на случајот, против пријавените е поднесена кривична пријава.
Ново на Сител
-

Во Центар платени 3.360 евра за квадрат – Цените на становите растат
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

ФК Силекс и оваа сезона со амбиции за висок пласман
-

13 заразени со западно-нилска треска, тројца во критична состојба
-

Дополнителна дезинсекција во Драчево
-

Епидемијата во Гостивар стивнува, најави за питка вода се уште нема
-

Филипче најавува блокада на Законот за Скопје - Европска престолнина, Мицкоски вели ќе има јавна дебата
-

Таргетирана помош за најранливите наместо замрзнување на цените за сите, предлага ССК
