Кривични пријави за дилери на марихуана
СВР Куманово поднесе кривична пријава против З.Р.(28) од село Отља, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 16.јули годинава во село Отља полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против И.Е.(30) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги,психотропни супстанци и прекурсори“. На 29.август годинава на ул.„Страхиња Симоноски“ во Гостивар полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле канабис.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Ш.(30) од с.Пирок, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги,психотропни супстанци и прекурсори“. На 9.октомври минатата година во с.Камењане, на регионалниот пат, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.А.(23) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 12. август на ул.„Моша Пијаде“ во Куманово полициски службеници при извршен преглед на пријавениот пронашле и одзеле марихуана.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости