Македонија
11. February 2020 - 12:36

Кривични пријави и притвор за крадец од Охрид и негов помошник

Кривична пријава и седумневен притвор заработи 35-годишниот С.Ѓ. од Охрид, осомничен сторител на две кривични дела „тешка кражба“.

Според полицијата, осомничениот во периодот ноември-декември минатата година населно влегувал во неколку викендички во туристичките населби Лагадин и Елешец, при што одземал алати за работа, телевизори, уметнички слики и други вредни предмети.

Украдената стока ја преземало лицето К.А. (38) исто така од Охрид, криејќи ги предметите во неговиот дом. Против второто лице поднесени се кривични пријави за сторени кривични дела „прикривање“ и „помагање“