Македонија
22. October 2018 - 15:06

Кривична за струмичанец: Си ја претепал сопругата и малолетниот син

Секторот за внатрешни работи Струмица поднесе кривична пријава против Е.Џ. (43) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “тешка телесна повреда“ при семејно насилство.

На 04.10.2018 година околу 18 часот во Струмица, во неговиот дом, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга при што и нанел тешка телесна повреда.

Потоа истиот физички го нападнал и нивниот малолетен син, нанесувајќи му телесни повреди.