Македонија
23. February 2024 - 16:07

Кривична за курир кој задржал 92.200 денари наместо да ги раздолжи

Курир задржал за себе 92.200 денари од доставени пратки наместо да ги раздолжи.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против В.В.(39) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“, соопшти МВР.

Како што информираат од МВР, пријавениот, вработен како курир во приватна фирма за брза пошта, на 25.08.2023 задржал за себе 92.200 денари од доставени пратки, наместо да ги раздолжи во правниот субјект.