Македонија
15. October 2024 - 16:17

Кривична за 49-годишник поради сомнение за кражба на електрична енергија

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.М.(49) од с.Бозовце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“, соопшти МВР.

На 04.07.2024, вработени во ЕВН-Тетово извршиле контрола на електрични броила на ул.„Тодор Циповски Мерџан“ во Тетово, при што било констатирано дека пријавениот на бандера пред куќа поставил механичко броило без одобрение на ЕВН со што користел електрична енергија без контрола и мерење на потрошена електрична енергија.