Македонија
15. August 2017 - 14:38

Кривична за 22-годишник за кражба на пари и накит од своите чичко и баба

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Валандово поднесе кривична пријава против А.Е.(22) од валандовското село Дедели за сторено кривично дело „кражба“.

Во периодот од јануари до март годинава, во семејната куќа во село Дедели, пријавениот противправно одзел пари и златен накит од неговиот чичко и баба, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 540.000 денари.