Кривична против лицето кое фрлаше „молотови коктели“ на протестите пред Собранието
Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал при СВР Скопје денеска до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава по брза постапка против Ј.С.(18), поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“, казниво по член 385 од Кривичниот законик.
Како што соопштија од МВР, завчера околу 21.00 часот за време на одржување на јавен сoбир на граѓани организиран преку социјални мрежи, Ј.С. започнал да подготвува молотови коктели и да фрла со нив кон полициските службеници и објектот на Собранието.
-По преземени мерки и активности од страна на полициските службеници, Ј.С. е лишен од слобода, обезбедени се сите докази против него во координација со ОЈО Скопје и лицето е изнесено пред Судија на претходна постапка, се наведува во соопштението на МВР.
Ново на Сител
-
Палчо на распит, негирал вина и тврдел дека е наместен
-
Палевски на распит
-
ДУИ славеше 22 години постоење
-
Спасеновски: Рано е за укинување на Пржинската влада
-
Филипче, Петровска и Деспотовски поднесоа кандидатури за претседател на СДСМ
-
Тема на денот со Гордан Георгиев, Форум за разумни политики
-
Организацијата на потрошувачи ќе поднесе тужба наместо граѓаните кои платија поскапи полиси
-
Преглед на вестите од светот