Македонија
16. December 2020 - 16:35

Кривична против двајца дилери од Гостивар

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Н.И.(38) и Г.Е.(45), двајцата од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 03.02.2019 полициски службеници извршиле преглед над пријавените, при што пронашле и одзеле марихуана.