Кривична пријава за „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „несовесно работење во службата“
СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против П.М.(40) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „несовесно работење во службата“.
Пријавениот, директор на ЈКП Водовод Битола, ја злоупотребил својата службена положба и овластување на начин што потребата од пополнување на систематизираните работни места не ја обезбедил преку јавен оглас, туку со ангажирање работници преку агенција за привремени вработувања по основ на зголемен обем на работа на определено време. На тој начин тој постапил спротивно на чл.22 од Законот за работни односи и чл.20-а, 20-б, 20-в, 20-г, 20-д од Законот за вработени во јавен сектор. Имено, во случајот работните места се испразнети, не се пополнети сите систематизирани, па според тоа не можел да ангажира лица од агенција за привремени вработувања.
Пријавениот, одредени вработени во континуитет ги овластил да извршуваат дополнителни работни задачи подолго од два месеци што е спротивно на чл.10 од Колективниот договор за комунални дејности, по што им исплаќал додаток на плата за работна успешност без притоа да бидат запазени критериумите утврдени во чл. 83 и 84 од Колективниот договор.
Пријавениот, исто така, несовесно постапил во извршувањето на своите должности и овластувања на тој начин што не обезбедил задолжителен видео надзор и физичко обезбедување во резервоарот на ЈКП Водовод кај м.в „Овчји Баир“ како објект од категорија која е од витално значење за безбедноста на здравјето и животот на граѓаните согласно чл.4 од Одлука на Владата за определување на правни лица кои се должни да имаат приватно обезбедување. Во повеќе наврати за тоа му било укажувано и од страна на вработените во објектот.
Сектор за односи со јавност и протокол
Министерство за внатрешни работи
Ново на Сител
-
Голем пожар во Карпош, зафатени повеќе куќи
-
11-годишно дете се бори за живот по тешка сообраќајка на патот Прилеп–Градско
-
ЦУК: Активни осум пожари, 12 изгаснати, еден ставен под контрола
-
На „Табановце“ и „Богородица“ се чека околу еден час
-
Сиљановска-Давкова: „Галичка свадба“ ја отсликува македонската народна традиција и култура
-
Мицкоски: Автопатот кон Охрид со години беше симбол на застој- сега ќе биде симбол на успех и одговорна работа
-
Убиецот ги поканил роднините на гости, инсистирал да присуствува и детето - Расчистено е тројното убиство
-
Мицкоски присуствуваше на епископската хиротонија на архимандритот Георгиј