Кривична пријава за вработен кој издал фалсификуван извод од родени
Вработен во Подрачно одделение за матично работење – Скопје при Управата за водење на матични книги во Министерството за правда ќе биде кривично гонет поради сомневање дека без примено писмено Барање за издавање Извод од матичната книга на родени и без доказ за уплатена административна такса за издавање, изготвил и издал Извод од матичната книга на родени за нивното малолетно дете, во кој внел податоци од друго малолетно дете.
-Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против К.Н.(32) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување” и „фалсификување службена исправа” и против Б.Х.(30) и Ш.Х.(29), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина”, информираат од МВР.
Од Министерството појаснуваат дека првопријавениот К.С., во својство на службено лице, вработен во Подрачно одделение за матично работење – Скопје при Управата за водење на матични книги во Министерството за правда, по претходен договор со второпријавениот и третопријавената, на 04.11.2021, без примено писмено Барање за издавање Извод од матичната книга на родени и без доказ за уплатена административна такса за издавање Извод, изготвил и издал Извод од матичната книга на родени за нивното малолетно дете, во кој внел податоци од друго малолетно дете.
Ново на Сител
-
Инспекторите на терен, деновиве ќе следат првите казни
-
Љутков: Во новиот буџет ставаме акцент на националните културни установи
-
Преглед на вестите од светот
-
Судскиот совет будно ја следи состојбата по реакциите на јавноста за смртта на Фросина
-
Синдикатите, газдите и владата седнуваат на заедничка маса
-
Министерството за култура ќе поддржи 1365 проекти од национален интерес
-
Подигнување на свеста за органодарителство
-
Преглед на вестите од светот