Кривична пријава за три лица за препродавање марихуана
Штипската полиција поднесе кривичнa пријавa против С.С.(22) од Куманово, Д.Д.(23) од с.Кучичино, општина Чешиново Облешево и T.Ш.(21) од Велес, тројцата со привремен престој во Штип, поради основано сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Според МВР, откако претходно се договориле неовластено заради продажба да набават поголема количина опојна дрога марихуана, завчера (14.11.) С.С. и Д.Д. со патничко возило „Волксфаген Венто“ со штипски регистарски таблици, управувано од И.В.(29) од Штип, заминале во Куманово. Таму од непознато лице купиле поголема количина на опојна дрога марихуана, по што ја пренеле марихуаната во Штип, односно во куќа на ул.„Сутјеска“ каде што како потстанар живеел третопријавениот Т.Ш.
По претходно добиени оперативни сознанија, од страна на полициски службеници преземени се мерки за документирање на случајот и со обезбедена наредба од Основен суд Штип извршен е претрес над тројцата пријавени, како и во куќата на ул.„Сутјеска“, при што пронајдени и одземени се вкупно 1.340 грама наркотична дрога марихуана спакувана во неколку најлонски ќеси, со намера да ја продаваат на лица уживатели на дрога.
Судија на претходна постапка на пријавените им одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-
Во април 357 одобренија за градење од кои 177 за високоградба, предвидени 729 станови
-
Индискиот авион се урнал врз хостел за лекари
-
Игуменот Георгиј едногласно избран за нов Митрополит Дебарско-кичевски
-
Кумановец ја силувал својата малолетна ќерка
-
Мицкоски: Расте бројот на странски туристи во вториот квартал
-
УНИЦЕФ: Младите ќе ја водат локалната акција и ќе влијаат на глобалните климатски одлуки
-
Се урна авион на Ер Индија со повеќе од 240 патници
-
Мицкоски: Со новиот закон ќе се намали бројот на автомат-клубови за игри на среќа