Kривична пријава за три лица од Кочани, при претрес кај нив пронајден хероин
На 05.04.2025 од страна на Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани до OJO-Кочани е поднесена кривична пријава по чл.215 од К3 за “Невластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” против лицата С.А.(34), С.А.(23) и Н.А. (24) од Кочани.
Имено, од страна на инспектори од НК за КР Кочани при претрес кај пријавените лица пронајдени се 14,9 грама наркотична дрога хероин.
Од страна на Основен суд Кочани за горепријавените е определена мерка притвор во траење од 30 дена.
Лицата С.А и С.А се спроведени во Затвор Куманоно, додека лицето Н.А сеуште не е достапно за органите на прогонот и за истото ќе биде распишаната централна потерница.
Дополнително од страна на НК за КР Кочани до ОЈО Кочани ќе биде поднесена кривична пријава по чл.242 од кривичниот законик за “Одземање моторно возило” против горенаведениот С.А. (34) од Кочани, бидејќи на 22.03.2025 одземал патничко возило “БМВ 318” со кочански регистарски таблички.
По оперативно-тактички мерки од страна на полициски службеници од СВР Штип, предметното возило е пронајдено на 04.04.2025, по што е вратено на сопственикот.
Ново на Сител
-
Црн чад над Сикстинската капела во Ватикан
-
ПМФЛ: Шкендија со триумф над Работнички ја обезбеди шампионската титула
-
Започна конклавата за избор на нов папа
-
Пронајден починат маж во Бутел
-
Николски за заемот од 6 милијарди евра: Делот за тоа колку ќе се задолжиме е погрешно пренесен
-
Учество на министерот Муцунски на неформалниот состанок во GYMNICH формат
-
Во првиот квартал извоз во вредност од 1 928.6 милиони евра
-
ЕУ ги повика Индија и Пакистан да покажат воздржаност