-->
-->
Кривична пријава за струмичани за бесправно градење и узурпација на недвижности
-->
Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против струмичаните И.Ч. (28) и Т.З. (31) и правното лице ДПТУ Портланд-ОПЦ ДООЕЛ Струмица, поради постоење на основано сомневање дека пријавените сториле кривични дела „Бесправно градење“ и „Узурпација на недвижности“, соопшти денеска портпаролката на струмичката полиција, Хризантема Рендевска.
Според неа, пред четири години пријавените без да побараат соодветно одобрение за градење во катастарската парцела Сачево, кај Струмица, бесправно изградиле објекти од втора категорија.
- Тие изградиле бетонски масивен ѕид и армиран бетонски ѕид со габаритни димензии, просторија за хидрофор, магацинска соба и таложник со правоаголна форма, а истовремено со бесправното градење узурпирале и дел од соседна катастарска парцела во Сачево во туѓа сопственост. Второ пријавениот за сметка на третопријавениот- правното лице во 2017 година преку информацискиот систем е-одобрение за градење, поднел електронско барање за градење на бетонска база со сепарација од втора категорија на катарстарските парцели Градско Балдовци и Сачево, па така со приложената проектна документација пријавените сакале да го прикријат веќе постоечкиот бесправно изграден објект со кој навлегле во туѓа катастарска парцела спротивно на Законот за градење, информираше Рендевска.
Таа додаде дека по целосно расчистување и документирање на настанот од страна на СВР-Струмица подготвена е кривична пријава и е доставена во ОЈО-Струмица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Коцевски не знае каде избегал Груби, но „кртот“ за акцијата не бил обвинителство
-
Шверцувале скапи автомобили од ЕУ и ги продавале во земјата - Кривична постапка против 10 лица за кримучарење возила
-
Одземен му е пасошот на поранешниот директор на ТИРЗ, тој не се чувствува виновен
-
Засилени безбедносни мерки во Охрид
-
Празнична сезона во Крушево
-
Хуманитарна акција во Берово
-
Плата за живот
-
179 загинати и двајца преживеани во авионска несреќа во Јужна Кореја