Кривична пријава за стечаен управител на ЈП за уредување и употреба на градежно земјиште Гостивар

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Д.Ф., стечаен управител и овластено лице – единствен потписник на сметката на Јавно претпријатие за уредување и употреба на градежно земјиште Гостивар – во стечај, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела злупотреба на службената положба и овластување, и фалисфикување или уништување на деловни книги.
– Пријавениот Д.Ф. во периодот од 2012-2018 година со цел да се стекне со противправна имотна корист за себе, ја злоупотребил својата службена положба и овластување, на начин што спротивно на член 34 ст.1 в.в т.2 од Законот за стечај, подигнал и присвоил парични средства на име материјални трошоци од банкарската сметка на правниот субјект во вкупен износ од 4.199.700,00 денари, за кој износ го оштетил Буџетот на Република Македонија.
Ново на Сител
-

Вучиќ: Специјалниот суд за Косово сакаше да го зачува кредибилитетот на ОВК
-

Централно-левичарска опозиција победи на изборите во Шведска
-

Русија бара меѓународен договор за забрана на офанзивно оружје во вселената
-

ЦУК: Активни два пожари на отворен простор, осум изгаснати во текот на денот
-

Курти: Пресудата за водачите на ОВК е неприфатлива неправда
-

Мицкоски во Вашингтон на средба со конгресмените Клаудиа Тени и Кит Селф, разговарано за значењето на стратешкото партнерство со САД
-

Македонските одбојкари со триумф над Израел
-

Се предлага зголемување на помошта за новороденчиња: 18.450 денари за прво, 36.900 за второ и 52.275 денари за трето дете
