Македонија
7. January 2023 - 16:56

Кривична пријава за скопјанец - кај него биле пронајдени пет саксии со канабис

СВР Куманово поднесе кривична пријава против П.С.(44) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 19.09.2022 во с.Винце, кумановско, полициски службеници од СВР Куманово и од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје пронашле и одзеле пет саксии со растението канабис, засадени од страна на пријавениот.