Кривична пријава за самовластие

Во врска со пријавено кривично дело „самовластие“ по чл.392 ст.2 од КЗ, пријавено на 08.08.2022 од страна на Ф.С новинар од ТВ Клан, а сторено од А.М.Б., вработена во ЈП Комунална хигиена-Скопје во просториите на јавното претпријатие, преземени се соодветни мерки и активности и случајот е расчистен.
Од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал - Одделение за насилен криминал, превземени се мерки и активности за документирање на кривично правниот настан, при што на 09.08.2022 во просториите на ЕНК ОНК при СВР Скопје повикана е А.М.Б., која го одземала мобилниот телефон на оштетениот Ф.С. и со неа е извршен службен разговор во врска со пријавеното кривично дело.
Исто така на 09.08.2022 година во просториите на ЕНК ОНК при СВР Скопје повикан е С.К., вработен во ЈП Комунална хигиена- Скопје, кој бил присутен за време на настанот. По извршената консултација со ОЈО Скопје, против А.М.Б. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Ново на Сител
-

Ќе има ли поевтина храна: Владата на разговори и со производителите и добавувачите
-

Протест на пелагониските земјоделци – „Државата ни должи 70 милиони евра“
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги блокира реформите
-

Одложено судењето за измами во ИПАРД програмата
-

Прилепскиот општински штаб за заштита и спасување активно се подготвува за сезоната на пожари
-

Бројните настани привлекуваат посетители
-

До септември ќе биде готов проектот за наколната населба и музејот на вода во Дојран
