Кривична пријава за радовишанец кој шетал позитивен со коронавирус

Отсекот за економски криминал при Одделението за внатрешни работи Радовиш до Основно јавно обвинителство Радовиш поднесе кривична пријава против радовишанецот Т.Ј. (58) , заради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, соопштија од СВР-Струмица.
На радовишанецот во периодот од 17 до 31 март со решение од Државен санитарен и здравствен инспекторат му било наложено здравствен надзор и домашна изолација поради тоа што во Радовиш остварил контакт со лице од Скопје дијагностицирано како заболено од Ковид-19.
-Тој на 4 април околу 10:30 часот отишол на прослава по повод изградба на нова куќа во Радовиш и остварил средба со сопственикот на објектот, а околу 12:00 часот истиот ден се упатил во пункт за достава на брзи пратки во Радовиш, каде остварил контакт со вработената. Со ова пријавениот ги изложил на ризик лицата со кои ги остварил средбите, се додава во соопштението на СВР-Струмица.
Т.Ј. бил тестиран за присуство на вирусот во пунктот на Центарот за јавно здравје Штип на 31 март, а на 5 април добил известување дека кај него лабараториски е потврдено присуство на вирусот. До добивањето на резултатите, тој не ги почитувал насоките и препораките на Министерството за здравство и одлуките на Владата, иако му било укажано дека треба да остане во самоизолација до добивање на истите.
Ново на Сител
-

Лажна пријава за бомба во траект со 958 лица на атинското пристаниште Пиреас
-

Охрабрувачки резултати од првото пребројување на дивокозите на Шар Планина
-

Томески: Пожар зафати куќи кај Бит - пазар, има материјална штета
-

Приведен Бака Прасе? Маскирани лица упаднале во неговиот стан и го одвеле
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Акциска контрола за брзо возење - за шест часа констатирани 708 прекршоци
-

Реализирани 750 исплати денеска во „Алта банка“ во Битола, Струмица и Тетово, овозможени и уплати за комуналии и отплата на кредити
-

АХВ и Ветеринарната комора партнерски ќе бараат решенија за предизвиците
