Кривична пријава за пет лица за грабеж на британски државјанин
СВР Тетово-Полициска станица Гостивар поднесе кривична пријава против пет лица поради сомнение дека сториле две кривични дела „разбојништво“ и „противправно лишување од слобода“. Тие, според пријавата пред десет дена ограбиле британски државјанин кој бил на пропатување со велосипед низ Македонија.
Со кривичната пријава се опфатени А.Б (33), М.С. (36), А.Х. (30) од гостиварското село Симница и уште две засега непознати лица (машко и женско ) и по нив се трага, информираат од СВР Тетово.
- Петте пријавени лица се сомничат дека на 21-ви овој месец, во попладневните часови, на паркинг на регионалниот пат Бунец-Маврови Анови ги извршиле овие дела над О.М.Џ (32) британски државјанин и притоа му причиниле штета од околу 80.000 денари. Тројцата осомничени кои се во бегство, од претходно им се познати на службите поради нивната инволвираност во различни криминални активности, вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.
За време на расветувањето на овој случај, пронајдени се и одземени три возила, „голф“, „пасат“ и „поло“ и испратени на вештачење, а пронајдени се и украдениот велоспиед и дел од работите кои му биле одземени на Британецот.
Ново на Сител
-
Пратеник од Западна Австралија го смени своето име во Оси Трамп
-
Познатата глумица Блејк Лајвли повторно обвинета за клевета
-
Русија и Украина извршија напади врз воени аеродроми
-
Барак: Планот на Трамп за Газа е „фантазија“
-
Три лица каснати од кучиња скитници, меѓу нив и малолетник
-
Продолжува период на стабилно и суво време со студени утра, со услови за магла во котлините
-
Повреден 57-годишен маж од Тетово, излетал од пат со четирицикл
-
Уапсен скопјанец на бензинска пумпа пред Куманово, пронајден пиштол