Македонија
7. October 2019 - 20:51

Кривична пријава за две лица осомничени за криумчарење на 27 мигранти

Секторот за внатрешни работи Струмица во координација со Секторот за гранични работи – Регионалните центри за гранични работи Исток и Југ, до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Скопје, поднесе кривична пријава против Д.М.(22) од Богданци и И.С.(39) од сeло Селемли, општина Богданци, осомничени дека сториле кривично дело „криумчарење мигранти“.

Како што соопшти денеска МВР, вчера во 11.15 часот на местото викано „Крива река“ во Струмица, во патничко возило „цитроен џампер“, со скопски регистарски ознаки, во кое биле пријавените, биле пронајдени 27 лица – мигранти и тоа 11 од Авганистан и 16 од Пакистан.