Кривична пријава за даночно затајување во казино во Радовиш
Поднесена е кривична пријава за „даночно затајување“ против В.Т. (48), управителка на ДТУ „ПРО-БЕТИНГ“ ДОО Скопје, која е осомничена дека го оштетила буџетот за 224.005 денари. Пријава е поднесена и за правното лице.
Министерството за внатрешни работи информира дека на 31 декември лани во автомат клуб на ул. „Плоштад Слобода“ во Радовиш, подружница на „Казино Б-ВИН” во сопственост на ДТУ „ПРО-БЕТИНГ“ ДОО Скопје, на автоматот/маса за игри на среќа „рулет“ биле направени десет трансакции од кои пет уплати со вкупна вредност од 200.000 денари и пет исплати со вкупна вредност од 1.320.025 денари.
Притоа, В.Т. во својство на управител на ДТУ „ПРО-БЕТИНГ“ ДОО Скопје, спротивно на Законот за игрите на среќа, на добитникот не му издала потврда за добивка, односно не водела евиденција за остварени добивки во игрите на среќа кои поединечно го надминуваат износот од 10.000 денари. Со тоа го оштетила Буџетот на РМ за 224.005 денари.
Ново на Сител
-
Шест мигранти пронајдени на Богородица - влегле во возилото додека возачот правел пауза
-
28 годишна тетовчанка пријавила обид за измама
-
Во студентскиот дом „Пелагонија“ решен проблемот со топла вода, се санираат и лифтовите
-
Штип го чествува празникот „Свети Никола“, патронот на градот
-
Форумот за образовани промени предлага субвенциониран меѓуградски превоз за студенти
-
ЈСП не им ги продолжува картите за бесплатен превоз на студентите
-
Прегазен 34 годишник во Гостиварско
-
Повторно блокирана работата на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади