Кривична пријава за четворица вработени во Министерството за економија
Секторот за внатрешни работи на Струмица - надворешната канцеларија за криминалистички работи на Гевгелија, до Основното јавно обвинителство во градот, поднесе кривична пријава против Џ.К (36), А.К (43), Б.Х ( 36) од Скопје и Ш.Х(60) од Тетово, поради постоење на основано сомневање дека пријавените сториле кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, информираше денеска портапролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска.
- Пријавените на 22 декември 2016 година во службените простории на јавната установа, Министерство за економија, како службени лица, наместо да го зашитат интересот на законите и совесно и правилно да ги исполнуваат службените овластувања, презеле противправни дејствија со искористување на службената положба, издавајќи Лиценца за вршење на угостителска дејност на правно лице од Гевгелија без комплетна документација и одобрение од надлежен орган, рече Рендевска.
Таа додаде дека со преземените дејствија пријавените ја искористиле службената положба спротивно на своите овластувања, за себе или за друг прибавиле некаква корист, со што нанеле штета на честа и угледот на институцијата во која работат, на буџетот на Општина Гевгелија и на буџетот на Македонија.
Ново на Сител
-
НАТО ги осуди кибер нападите насочени против демократските институции, безбедноста и слободното општество
-
Канцеларија за Косово на Србија: На Петковиќ му е забранет влез во Косово за Велигден
-
Земјотрес од 5,9 степени според Рихтер ги погоди Филипините
-
ОН: Израелскиот напад врз Рафа ќе ги загрози животите на стотици илјади Палестинци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
-
Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа
-
„Цитроен“ удрил во електричен тротинет, повредени двајца малолетници
-
РБГ: Расте индексот на слободата на медиумите во Македонија