Кривична пријава за „бесправна градба“

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.E. (67) од Скопје за сторено кривично дело „бесправна градба" од чл.244 а, од КЗ на РСМ. Пријавениот во својство на инвеститор, иако знаел дека пред да започне со доградба и надградба на објект согласно чл.63 ст.1 од Законот за градење потребно е да поседува одобрение за градење од територијално надлежната општина, во случајот општина Чаир, сепак, без да поседува такво одобрение започнал со доградба и надградба на објект лоциран на плоштад „Скендер бег".
А.Е. постапил спротивно на чл.56 ст 1 од Законот за градење, со што го сторил кривичното дело „бесправна градба" по чл.244-а, во кое што е наведено дека „тој што гради или изведува градба или врши надзор над градба на сопствено или туѓо земјиште без одобрение за градење или спротивно на одобрението за градење издадено од надлежен орган е всушност сторител на горенаведеното кривично дело и ќе се казни согласно пропишаниот закон".
Ново на Сител
-

Мицкоски: Алта банка ќе биде спасена
-

СДСМ: Обвинителството да отвори истрага за Алта банка
-

Единствени испрани пари се на СДСМ преку Еуростандард банка
-

Минчев: Се професинализира администрацијата
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Татјана Стојановска Иванова, универзитетски професор
-

„Ниту една повеќе“ – Протест во Скопје по убиството на 17-годишната Билјана Кириќ
-

11 пријави за семејно насилство за 24 часа – Над 1.400 жртви за девет месеци
