Кривична пријава против жители на Кичево и Мамудовци поради продажба на дрога
- Полициската станица Кичево поднесе кривична пријава против А.А.(34) од Кичево и Л.Ф.(24) од село Мамудовци, Кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неoвластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.
МВР соопшти дека одделот за крим полиција во содејство со Секторот за внатрешни работи Охрид и Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево по претходно добиени сознанија дека две лица вршат продажба на наркотична дрога кокаин, на 12 март изврши претрес во домот на двете пријавени лица во Кичево, каде двајцата живеат под наем.
На влез во зградата од слобода е лишен А.А. кај кого се пронајдени 22 пакувања кокаин, додека при влегувањето во станот од страна на неговата девојка Ф.Л. бил даван отпор и таа ги спречувала полициските службеници во вршењето на службени дејствија. Дополнително таа успеала на кровот од соседната зграда да исфрли повеќе пакувања со наркотична дрога кокаин кои подоцна биле обезбедени.
При извршен претрес во домот пронајдени се и 6.660 евра за кои постојат сомненија дека потекнуваат од продажба на наркотичната дрога кокаин, стои во соопштението од МВР
Ново на Сител
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување