Кривична пријава против струмичанец за недозволена трговија со културни добра
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) денеска до Основно јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против лицето Б.Б.(39) од Струмица, за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“ по чл.265 од Кривичниот законик.
Како што денеска соопштија од МВР, поради сознание дека Б.Б. поседува археолошки предмети – стари монети и други добра под привремена заштита, на 01.07.2022 година, од страна на ОСОСК во координација со СВР Струмица при извршен преглед на сопрено патничко возило управувано од него, биле пронајдени и одземени вкупно 276 стари монети во различна форма и големина, 10 метални предмети во форма на прстен со различна големина, метален приврзок, четири метални предмети во различни форми и големини, по што лицето е приведено во полициска станица.
– При извршениот службен разговор со него, тој изјавил дека монетите и другите предмети ги нашол на локација во струмичко село пред околу една година, а потоа со метал детектор и на други разни локации наоѓал и собирал монети и други артефакти, по што тој во СВР Струмица доброволно го предал детекторот за метали и друг рачен алат, се појаснува во соопштението.
Од страна на ОСОСК до ОЈО Струмица е доставено известување, со барање до ОЈО Струмица да издаде наредби за вештачење на пронајдените археолошки предмети, а по издадените наредби, одземените предмети на 12.07.2022 се предадени на НУ Археолошкиот музеј на РСМ и на вештото лице вработено во истиот.
Според наодот на Комисијата за давање на стручно мислење за археолошки предмети во НУ Археолошки Музеј на РСМ, десетте метални предмети пронајдени кај Б.Б. претставуваат оригинали и спаѓаат во сферата на културното наследство. По завршената стручна идентификација на нумизматичкиот материјал, од вкупно 276 монети, 275 претставуваат културно наследство т.е. добро под привремена заштита и како такви имаат своја историска и археолошка вредност, за што до ОЈО Струмица е доставен соодветен извештај.
Ново на Сител
-
Белата куќа: Иран е способен да произведе нуклеарна бомба за „неколку недели“
-
Кочани е во фокус на Владата од самиот почеток и ќе остане така, вели директорот на СОЗР Томовски
-
Нови големи протести против Трамп закажани за средината на јули - „Во Америка, моќта му припаѓа на народот!“
-
Почнав со импровизиран салон од 8м2, денес имам 10 вработени | Октај Сејди | Sitel Podcast 098
-
Сè уште се чека одлуката на Трамп за евентуално вклучување на САД во конфликтот на Блиски Исток
-
На Табановце се чека 40 минути за влез, а на Богородица 30 минути за излез од земјата
-
Во Иран уапсени 24 лица поради шпионажа во корист на Израел
-
ИДФ: Иран напаѓа со ракети со повеќе боеви глави