Кривична пријава против скопјанец за лажно пријавување за бомба во „Сити мол“
Одделението за насилен криминал во Единицата за насилен криминал при Секторот за внатрешни работи Скопје, до надлежното Основно јавно обвинителство-Скопје, поднесе кривичнa пријавa против П.Ц.(20) од Скопје осомничен за сторено кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“.
Пријавениот, вработен како обезбедување во Трговскиот центар „Сити Мол“ преку агенција за обезбедување, појаснуваат од МВР, на 29 месецов во 11.53 часот, додека бил на работа, со намера да се пошегува со својот претпоставен, од својот мобилен телефон му испратил порака „напуштете го молот веднаш, има бомба!“.
Веднаш потоа, неговиот претпоставен пријавил во полиција и била организирана евакуација на трговскиот центар, а екипа од Одделот за антитероризам при МВР извршила пребарување и проверка на целиот објект, при што било утврдено дека во објектот нема поставено експлозивна направа, односно дека станува збор за лажна дојава.
Во просториите на Полициската станица Кисела Вода, истиот ден полициски службеници извршиле разговор со пријавениот и од него бил одземен мобилниот телефон како доказ.
Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му се одредени мерки на претпазливост: забрана за напуштање на живеалиштето, обврска да се јавува повремено на определено службено лице кај надлежен државен орган, привремено одземање на патна исправа и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело
Ново на Сител
-
Активни шест пожари, вкупно 14 на отворен простор
-
Пронајдена е исчезнатата Билјана од Прилеп
-
Пронајден починат 55-годишен скопјанец во водите на Охридското Езеро
-
Редици пред првата „Лабубу“ продавница во Германија
-
Скопско со нова кампања: Вкусот што нѐ опушта и прави да сме свои
-
На „Табановце“ за влез и излез од државата се чека 20 минути
-
Во Газа досега загинаа 232 новинари
-
Отстранети пешкири, лежалки и чадори поставени без дозвола на плажите во Полихроно и Калитеа