Кривична пријава против осум лица и три компании поради смртоносната сообраќајка во која загинаа татко и син
Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, до ОЈО Скопје, поднесе кривична пријава против Д.Д.(40), Д.М.(59), П.Г.(42), П.М.(56), С.С.(39) и Р.П.(58), сите од Скопје и скопско, против З.Н.(61) од Битола и Х.Р.(58) од Косово, како и две правни лица од Скопје и едно правно лице од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување опасност при градежни работи" предвидено и казниво по член 289 став 1 од Кривичниот законик во врска со кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ предвидено и казниво по член 292 став 2 од Кривичниот законик и кривично дело „загрозување на безбедноста на сообраќајот“ предвидено и казниво по член 297 став 1 од Кривичниот законик во врска со кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ предвидено и казниво по член 300 став 2 од Кривичниот законик.
На 02.09.2024 во 11.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје – Куманово, на околу два километри пред наплатна станица Миладиновци, патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.А.(34) од село Опае, кумановско, удрило во непрописно поставени сообраќајни знаци за пренасочување на сообраќајот и во запрено товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Скопје, а непрописно паркирано од Р.П.(58) од село Глумово, скопско. Во несреќата од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот Б.А., а подоцна, во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје од здобиените повреди починал и малолетен сопатник од село Опае.
Ново на Сител
-
Единаесет приведени во акцијата за сомнителна набавка на деривати
-
ИЈЗ: Загадениот воздух се поврзува со смртта на околу 4000 луѓе годишно во Македонија
-
Mнозинството пратеници со недоверба за членовите на Судскиот совет, СДСМ и ДУИ ја напуштија расправата
-
Интерпелации во Собрание, а Судски совет во редовна работа
-
Таравари не дава „Ѓока констракшн“ да стопанисува со паркингот на Клинички - го поништи огласот
-
Одбележани 82 години од депортацијата на македонските евреи во логорот Треблинка
-
Интерпелациите на петте членови на Судски совет пред пратениците
-
СДСМ бара ДКСК да ги истражи тендерите во Министерството за дигитална трансформација